Пожарот во украинското депо акт на тероризам?

Луѓе бараат засолниште во подрумот на локалната полиција по експлозиите во военото депо во Украина.

Украинските власти соопштија дека пожарот кој денеска предизвика серија експлозии во депо за муниција е под истрага како акт на тероризам. Министерството за одбрана соопшти дека нападот се случил во воен комплекс во градот Сватове на 100 километри од Луханск, кој е под контрола на проруските бунтовници.

Во инцидентот загинаа две лица.Министерството не информираше кој е осомничен за наводниот напад. Претставникот на проруските буновници во Луханск, Владислав Деинего изјави дека не се одговорни за инцидентот.