САД: колатерални штети од руските напади во Сирија

Соединетите држави имаат информации дека најновите руски бомбардирања во Сирија предизвикале колатерални штети, вклучувајќи убивање цивили, соопшти Стејт департментот. Граѓански групи обвинија дека руски авиони бомбардирале болници и убивале цивили, но Москва ги отфрла ваквите обвинувања. „Имаме оперативни информации што водат кон уверување дека цел на руските напади не биле само позиции на милитантите на Исламската држава, туку и цивилна инфраструктура при што имало и загинати“, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.