Јапонски грант за Македонија и Србија за помош со мигрантите

Меѓународната организација за миграции соопшти денеска дека Владата на Јапонија ќе обезбеди неповратна помош за Македонија и Србија во вредност од 500 000 долари за справување со кризата со мигрантите. Според организацијата, целта е да се поддржат постојните напори на владите на двете земји за адресирање на најитните потреби и приоритети на мигрантите. Помошта ќе биде спроведена преку Меѓународната организација за миграции.