Милошоски-СДСМ не сака да постигне договор

Антонио Милошоски

Во последниве две недели, забележуваме дека СДСМ очигледно има тенденција да не постигнеме договор, изјави денеска Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Според него, секој даден предлог од СДСМ се менува во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати со цел да не се постигне договор.

Милошоски смета дека целта на таквото однесување на СДСМ е да продолжи политичката криза во Македонија како шанса за подобрување на нивниот рејтинг и да се изгуби препораката од Европската комисија со што би му се нанела штета на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата предводена од владејачката коалиција.