Изгласана недоверба на Владата во Молдавија

Гласањето во Парламентот во Молдавија.

Парламентот на Молдавија денеска и изгласа недоверба на Владата на премиерот Валериу Стрелец. Од 110 пратеници, 65 го поддржаа предлогот. Гласовите беа обезбедени кога лидерот на Демократската партија, која е дел од владејачката коалиција, Маријан Лупу изјави дека ќе им се придружи на опозициските партии во гласањето недоверба.

Стрелец претходно изјави дека нема да поднесе оставка. Тој порача дека повлекувањето од функцијата би значело признавање на наводите за корупција против него и ќе резултира со одложување на преговорите со ММФ. Поранешниот премиер на земјата Влад Филат беше уапсен на 15 октомври за примање мито од 260 милиони долари.