Германија со поддршка за Грција за мигрантите

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави денеска дека ќе и помогнат на Грција во справувањето со приливот на мигранти во земјата. Тој за време на посетата на Атина порача и дека мора да работат заедно за да се држи ситуацијата под контрола и да се обезбедат надворешните европски граници, како и да развијат заеднички пристап кон азилот и имиграцијата и правично да ги распоредат бегалците.