Саудиски блогер добитник на наградата Сахаров

Раиф Бадави

Саудискиот блогер Раиф Бадави кој беше затворен поради неговите текстови на интернет е добитник на наградата Сахаров на Европскиот Парламент за слобода на мислата. 31 годишниот Бадави беше уапсен во 2012 година поради критика на полицијата во Саудиска Арабија. Тој беше осуден на 10 години затвор и 1000 удари со камшик за навреда на исламот на интернет.

Наградата од 50 илјади евра, именувана по советскиот дисидент Андреи Сахаров се доделува од 1988 година во чест на поединци кои ги бранат човековите права и слободи.