Премиерот на Молдавија не поднесува оставка

Премиерот на Молдавија Валериу Стрелец

Премиерот на Молдавија Валериу Стрелец изјави дека нема да поднесе оставка додека Парламентот се подготвува да гласа за недоверба на Владата поради масовна банкарска измама. Тој порача дека повлекувањето од функцијата би значело признавање на наводите за корупција против него и ќе резултира со одложување на преговорите со ММФ. Поранешниот премиер на земјата Влад Филат беше уапсен на 15 октомври за примање мито од 260 милиони долари.