Оценка на уставноста на договорот за српските општини

Претседателката на Косово Атифете Јахјага донесе одлука Уставниот суд ја оцени уставноста на договорот за формирање на Заедница на српски општини. Оваа одлука била донесена по нејзиниот разговор со премиерот и неговиот заменик, како и со опозициските лидери. Јахјага, како привремена мерка додека Уставниот суд не одговори, ќе бара суспензија на договорот постигнат во Брисел. Премиерот на Косово Иса Мустафа најави дека во целост ќе ја почитува одлуката на Уставниот суд. Опозициските партии над еден месец на разни начини, меѓу кои и активирање солзавец во парламентот, ја блокираа работата на Собранието бидејќи сметаат дека спогодбата за српските заедници и демаркацијата на границата со Црна Гора се во спротивност на косовскиот Устав.