Франција и сојузниците работат на заминувањето на Асад

Францускиот министер за надворешни работи Лорент Фабиус

Француските власти соопштија дека со сојузниците работат на деталите околу политичката транзиција со која ќе се загарантира заминувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад во прецизна временска рамка. Францускиот министер за надворешни работи Лорент Фабиус го даде коментарот по вчерашната средба во Париз со претставници на САД, Британија, Германија, Италија, Саудиска Арабија, како и Турција, Јордан, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Според него, на средбата станало збор и за потребата за продолжување на напорите во борбата со Исламската држава во Сирија.