Русија предупредува на заканата по безбедноста на Централна Азија

Александар Бортников

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека ја спровела воздушната кампања во Сирија со цел да ги спречи милитантите кои се борат за Исламската држава да се вратат во нивните родни земји од поранешниот Советски сојуз. Директорот на службата, Александар Бортников изјави дека луѓе од околу 100 земји во моментов се борат за Исламската држава во Сирија и Ирак, вклучувајќи и државјани на Русија, Грузија, Украина и централно азиските земји.

Според него, главните ќелии на Исламската држава и Хизб ут Тахрир биле неодамна неутрализирани во Москва. Тој предупредува и на влошената безбедносна ситуација во Авганистан, која претставува опасност за земјите од Централна Азија. Според него, милитантите ги здружуваат силите со локалните криминални групи и може да се обидат да се пробијат и во Централна Азија.