Иран ќе учествува на самитот за Сирија

Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф

Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф ќе присуствува на меѓународниот самит во Виена каде ќе се дискутира за конфликтот во Сирија. Преставниците на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција ќе се сретнат утре, а Зариф се очекува на разговорите да се придружи во наредниот ден. Зариф денеска телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за сирискиот конфликт и престојните разговори. Сириската опозиција поддржана од Западот и арапските земји од Персискиот залив се против иранската улога во сирискиот конфликт. Техеран и Москва се главни поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал Асад.