Затворен свештеник за иницирање насилства во џамијата Ал Акса

Израелскиот суд му одреди казна затвор од 11 месеци на исламскиот свештеник чија група е обвинета за иницирање на бранот насилства во џамијата Ал Акса во Ерусалим. До ова дојде по најновите насилства откако во два инцидента тројца Палестинци нападнале израелски војници по што биле застрелани во Западниот Брег. Раед Салах, лидер на радикалното северно крило на Исламското движење во Израел е прогласен за виновен за иницирање насилства во неговиот говор во 2007 година во кој побарал сите муслимани да почнат востание во Ерусалим.