Пад на интернет слободата во светот

Во најновиот извештај на Фридом хаус, објавен денеска се оценува дека годинава повторно имало пад на слободата на интернет во целиот свет. Тоа е петта година по ред како се забележува ваквата појава. Притоа се наведува дека се повеќе влади ги цензурираат информациите од јавен интерес и оти од друга страна владите го зголемуваат следењетона приватноста на луѓето. Вестите за конфликти, за корупција од страна на владини или бизнис претставници, опозициски сајтови и сатирата се цел на цензорство во над една третина од земјите каде што било извршено истражувањето на Фридом хаус.