Апелација ненадлежна за „бомбите“

Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен за отфрлање на бомбите како доказен материјал. Според соопштението, за тоа е надлежен кривичниот совет на првостепениот суд. Од апелација предметот денеска го вратиле во Основниот суд Скопје 1. Предметите за кои Обвинителството побара да се изземат доказите од прислушуваните разговори се истите кои треба да ги преземе специјалната обвинителка Катица Јанева.