Уапсени 30 осомничени милитанти во Турција

Еден од уапсените во турскиот град Коња

Турските безбедносни сили упасиле 30 осомничени милитанти на Исламската држава во градот Коња. Вчера седум осомничени милитанти беа убиени, а 12 уапсени за време на полициската рација во градот Дијарбекир. При рацијата загинаа и двајца труски војници. Турските власти започнаа операции против Исламската држава по самоубиствените бомбашки напади во Анкара при кои загинаа 100 луѓе.