Помош за жртвите од земјотресот во Авганистан

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека агенциите на Светската организација почнале да се мобилизираат да помогнат во операциите за спасување на жртвите од вчерашниот земјотрес во Авганистан и Пакистан, доколку владите на тие земји го побараат тоа. Во еден од најсилните земјотреси што во изминативе децении ги погоди овие земји загинале неколку стотици луѓе, но се очекува нивниот број да се зголемува со оглед на тоа што потресот предизвикал огромни штети и разурнал многу домови. Според податоците на Американската геолошка служба, земјотресот бил со сила од 7 ипол степени со епицентар во планинската област на Авганистан во близина на границата со Пакистан.