Во Сирија овој месец најмалку 120 илјади раселени

Најмалку 120 илјади луѓе биле раселени поради судирите во сириските провинции Алепо, Хама и Идлиб од почетокот на овој месец, соопштија Обединетите нации. Според портпаролот на Светската организација во Женева Ванеса Игенен, повеќето од раселените останале во нивните провинции. Над 250 илјади луѓе загинале, а неколку милиони други ги напуштиле нивните домови од почетокот на граѓанската војна во Сирија, започната во март 2011 година. Русија кон крајот на септември започна воздушни напади врз позициите на милитантите на Исламската држава во Сирија, додека Соединетите држави ја предводат меѓународната коалиција која од август минатата година бомбардира позиции на исламистите во таа земја и во Ирак.