Отказни решенија за анестезиолози во Гевгелија

Анестезиолозите од болницата во Гевгелија кои беа дел од тимот кој ја породуваше трудницата која почина заедно со бебето, добија отказни решенија, бидејќи биле под дејство на алкохол. Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози кои учествувале во закажаниот оперативен зафат за породување во Општата болницата во Гевгелија во четвртокот во кој починаа родилката и новороденчето. Кај лекарите гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта, соопшти Основното јавно обвинителство, Велес.