Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови во некои котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 20 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.