Повторно протести пред Влада

Архива

Денеска во 18 часот пред владата ,според најавите преку социјалните мрежи, ќе бидат одржани два протеста.

Едниот како што е најавено на социјалната мрежа Фејсбук, е под мотото„ Доста е“ а во организација на Левичарското движење Солидароност, Причините, како што се наведува биле „сериските убиства“ по болниците и на улиците.

„Еден живот завршен на пешачки премин на зелено, друг од страна на пијан лекар, десетици други од дозволени и неказнети грешки. Уште колку загубени животи треба да се случат за надлежните да понесат одговорност и да ги напуштат функциите како чин на морална одговорност„ се наведува во соопштението за протестот.

Другиот протест именуван како „Граѓани на нозе“, ќе биде одржан во исто време пред зградата на владата.

„Граѓани на нозе! Секој ден во 6 “ пишува во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.