Набљудувачите задоволни од изборите во Украина

Броењето на гласовите во Украина

Европските набљудувачки мисии соопштија дека вчерашното гласање на локалните избори во Украина било добро организирано, но потребно е спроведување на натамошните реформи. Набљудувачите на ОБСЕ нагласија и дека конфликтот меѓу Киев и проруските сепаратисти во источна Украина спречил повеќе од 5 милиони луѓе да гласаат на изборите.

Шефот на делегацијата на ОБСЕ, Гудрун Мослер Торнстром изјави дека вчерашните локални избори се почетна точка на децентрализацијата и територијалните реформи во Украина. Шефот на делегацијата на ЕУ, Андреј Пленкович изјави дека изборите во голема мера биле во согласност со меѓународните стандарди.