Убиени 7 луѓе во напад во Ирак

Најмалку седум луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад врз група на шиитски свештеници во ирачкиот главен град Багдад. Властите соопштија дека 19 лица биле повредени во нападот на еден шатор кој служел за освежување на верниците во населбата ал Шаб. Ројтерс јави дека меѓу жртвите има и двајца полицајци. Се уште никој не презема одговорност за нападот.