Русија негира убиство на цивили во нападите во Сирија

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Руските власти ги отфрлија обвинувањата од Хјуман Рајтс Воч дека во руските воздушни напади во Сирија биле убиени десетици цивили. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека сите биле сведоци на медиумски измами и намерно објавување на податоци за воздушните напади, при што извештајот на Хјуман Рајтс Воч најверојатно е од таков вид. Хјуман Рајтс Воч вчера ја повика Русија да ги истражи извештаите за смртта на 59 цивили во Сирија.