Турската полиција се судри со милитанти на ИД

Двајца турски полицајци загинале во експлозија на бомба за време на рација против осомничени милитанти на Исламската држава во југоисточниот дел на земјата. Труските власти соопштија дека седум осомничени милитанти биле убиени во рацијата во градот Дијарбакир во курдскиот регион на земјата.

Десетици осомничени биле притворени од три до четири куќи кои биле користени како засолништа од страна на Исламската држава. Рацијата најверојатно е поврзана со нападот на 10 октомври во Анкара во кој загинаа околу 100 луѓе.