Најмалку 19 жртви во земјотресите во јужна Азија

Во неколку земјотреси со јачина од 8,1 степен според Рихтеровата скала загинаа најмалку 19 луѓе во Авганистан, Индија и Пакистан. Во земјотресот биле повредени и околу 100 лица, а се стравува дека бројката на жртви ќе се зголемува. Пакистанските медиуми јавија за 30 жртви. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Јурм, кој се наоѓа во североисточниот дел на Авганистан на 250 километри од Кабул.