Израел:Араб се обидел со параглајдер да се инфилтрира во Сирија

Израел соопшти дека еден нејзин граѓанин со параглајдер се обидел негелано да одлета во соседна Сирија. Властите соопштија дека параглајдеристот вчера се обидел да мине преку Голанската висорамнина.
Војската рече дека се работи за Араб од мнозинско муслимански грaд северозападно од Тел Авив, но не ги потврди извештаите дека човекот се обидувал да се придружи на сириската опозиција. Израел официјално останува неутрален во сирискиот конфликт, но десетици нејзини граѓани Арапи се префлија во Сирија во последните години за да се вклучат во сириската војна.