Парламентарни избори во Полска

Во Полска денеска се одржуваат парламентарни избори кои може да ја донесат на власт конзервативната евроскептична партија. Според испитувањата на јавното мислење владејчката Граѓанска платформа, центристичка група која е на власт во последните осум години, може да изгуби од опозиската конзервативна Закон и правда.
Таа е раководена од Јарослав Качински, брат близнак на загинатиот претседател Лех Качински. Повеќето анкети покажуваат дека Закон и правда ќе освои 30 отсто од гласовите наспроти 20 отсто кои би ги освоила владејачката Граѓанска платформа. Партијата на Качински меѓудругото се противи на влезот на земјата во еврозоната и на релокација на мигрантите од Блискиот исток и Авганистан во Полска.