Во Подгорица претпладнево мирно

Во Подгорица утринава е мирно по нередите до кои дојде претходната вечер на протестот на опозицискиот Демократски фронт, кога учесниците на него ја маваа полицијата со Молотови коктели и цврсти предмети што предизвика и полициска интервенција. Полицијата фрли солзавец, а во инцидентите се повредени 15 полицајци од кои еден потешко, а лекарска помош побарале и 24 демонстранти главно поради солзавецот, информираше министерот за внатрешни работи Рашко Коњевиќ.Полицијата го привела и еден од лидерите на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и функционер на сојузот Славен Радуловиќ. На опозицискиот протест на кој не учествуваат неколку опозициски партии побарана беше оставка на владата на Црна Гора и премиерот Мило Ѓукановиќ.