МВР ја потврди екслозијата во Тоопанско поле

Од министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека вчера околу 19,50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Никола Малешевски“ експлодирала засега непозната експлозивна направа во непосредна близина на бетонска ограда од двор на куќа лоцирана на горенаведената улица.

“Од настанатата експлозија нема повредени лица, причинета е само материјална штета, односно оштетување на прозорците од куќата, а оштетено е и паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот”соопштија од МВР.

Вчера во дел медиуми се појавија информации дека направата експлодирала во близина на куќата на вицепремирот задолжен за спроведување на рамковниот договор Муса Џафери во скопската населба Тоопанско поле.