Летовите меѓу Украина и Русија забранети од утре

Летовите меѓу Украина и Русија ќе бидат забранети од викендов и покрај обидите на високи руски претставници да не дојде до тоа, рече украинскиот министер за инфраструктура. Тој прецизираше дела летовите се укинуваат од утре. Руските и украинските претставници се сретнаа вчера во Брисел во обид Русија да ја стопира украинската иницијатива за забрана.
Рускиот министер за транспорт Максим Соколов рече дека неговата земја ќе продолжи да притиска за тргнување на забраната нагласувајќи дека 75 отсто од патниците кои патуваат на линиите меѓу Русија и Украина се Украинци. Ваквата одлука Киев ја соопшти кон крајот на минатиот месец.