Ураганот Патрисиа почна да ја губи силата

Ураганот Патрисиа ја загуби својата сила денеска, 24 часа откако го погоди западно Мексико и донесе силен ветар и дожд но изгледа не предизвика сериозни штети. Патрисиа беше категоризиран како најсилен ураган од петта категорија но откако го погоди Мексико ја намали силата и е категоризиран во втора категорија тропска бура. Американскиот национален временски сервис предупреди дека сепак Патрисиа останува силен ураган и покрај намалувањето на категоријата. Мексиканскиот претседател Енрико Пена Нието побара од населението да остане во прифатните центри нагласувајќи дека безбедносните сили ќе патролираат за да ги заштитат нивните домови. Мексиканската влада предупреди и дека пепелта и други материјали од блискиот вулкан Колима може да се помешаат со силните дождови. Американскиот центар за урагани соопшти дека Патрисиа го погодила брегот кој е ретко населен со ветар со брзина од 265 километри на час што е најсилна бура кога било регистрирана во Америка. Илјадници луѓе, локално население и туристи беа евакуирани а аеродромите се затворени.