Авганистанските владини сили преземаа област од Талибанците

Авганистанските власти соопштија дека безбедносните сили ја преземале областа Гормах во северозападната провинција Фарјаб од талибанските милитанти откако падна под нивна контрола пред неколку дена. Како што соопштија полициските претставници авганистанските сили го подигнале авганистанското знаме на локалната полициска зграда рано утринава. Ова следува по тридневната воздушна и копнена офанзива а владините сили се уште го расчистуваат теренот. Талибанците ја заземаа областа на 18 месецов.