Разговорите за Сирија ќе продолжат на 30 октомври

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери по денешната средба со неговите колеги од Русија, Турција и Саудиска Арабија во Виена изјави дека се надева оти разговорите за сириската криза ќе продолжат на 30 октомври. Според него, сите денеска се согласиле да се консултираат со засегнатите страни со цел за повторно што поскоро да се состанат , односно наредниот петок. Тогаш, според него ќе се одржи една поширока средба на која ќе се донесе одлука дали има заеднички ајзик за да се постигне значаен политички процес.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повтори противењето на неговата земја сирискиот претседател Башар ал Асад да биде отстранет од надворешни сили. Според него, одлуката за судбината на Сирија треба да биде донесена од сирискиот народ.