Самоопределување пушти солзавец во косовскиот Парламент

Солзавец во косовскиот Парламент.

Косовското движење „Самоопределување“ повторно пушти солзавец во Парламентот во Приштина во знак на протест против Бриселските спогодби со Србија и од спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. По нападот биле евакуирани пратениците и персоналот на Парламентот.

Од движењето соопштија дека пуштиле солзавец и во кабинетот на претседателот на Парламентот, Кадри Весели. Косовската опозиција ја предупреди Владата да не свикува нова парламентарна седница додека спогодбите не бидат повлечени.