Јункер бара исполнување на ветеното за мигрантите

Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ги критикуваше членките на Европската унија за тоа што не ја даваат ветената хуманитарна помош за справување со мигрантската криза. „Кризата со која се соочуваме нема да заврши до Божиќ. Таа ќе трае и затоа е неопходна долгорочна акција“, изјави тој на собирот на европските конзервативни партии во Мадрид. Членките на Унијата ветија над 2 милијарди и 300 милиони евра, но досега дале само 275 милиони евра за справување со кризата. Собирот во Мадрид се одржува пред мини самитот в недела на шефовите на држави и влади на земјите од Балканот кој ќе биде посветен на бегалската криза и на судирите во Ирак и Сирија.