ОН со критика до Чешка за третманот на мигрантите

Прифатен центар за мигранти во Чешка.

Агенцијата за човекови права на ОН упати критика кон Чешката Република за нејзината политика за справувањето со мигрантите, бидејќи во прифатните центри има нехумани услови, а мигрантите се принудени и да платат за својот престој. Според агенцијата, прекрушувањата на човековите права на мигрантите е систематско во земјата. Прифатните центри кои се наоѓаат северено од Прага, како што наведуваат се полоши од затвор. Од агенцијата упатуваат и критика за ксенофобичниот дискурс во јавноста, вклучувајќи ги и исламофобичните изјави на чешкиот претседател Милош Земан.