Клинтон на сослушување за нападот во Бенгази

Хилари Клинтон

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон денеска ќе сведочи за истрагата, која е предводена од републиканците за смртоносните напади на дипломатската мисија на САД во Бенгази, Либија. Се очекува сослушувањето да трае осум часа.

Во нападот на 11 септември во 2012 година загинаа четворица Американци, меѓу кои и американскиот амбасадор Кристофер Стивенс. Клинтон и демократите изјавија дека прашањата за нападот веќе биле одговорени во претходните истраги. Според нив,сослушувањето е политичко мотивирано со цел да и се наштети на политичката кампања на Клинтон. Републиканците ги негираат обвинувањата.