Во Ирак се шири колера

Обединетите нации соопштија дека во Ирак во изминатиов месец биле забележани илјада и шестотини случаи на заболување со колера. Тоа, како што се оценува, е поради влошувањето на хуманитарната криза со која се погодени над осум ипол милиони луѓе. Ирачкото министерство за здравство соопшти дека само во минатиот месец имало осум смртни случаи од колера и оти болеста сега се ширела кон северниот регион Курдистан.