Ванхауте-Загрозени предвремените парламентарни избори

Питер Ванхауте

Белгискиот посредник во преговорите на политичките партии потписнички на договорот од Пржино, Питер Ванхауте изјави денеска дека пролонгирањето на преговорите и пробивањето на роковите го загрозува одржувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за април наредната година.

Според него, по вчерашните неуспешни преговори се поставува прашањето дали политичките партии сакаат да постигнат договор. Тој порачува и дека за слободата на изразување не се преговара, коментирајќи го предлогот за забрана за објавување на „бомбите“ за кој партиите не постигнаа согласност.