Хаменеи го одобри нуклеарниот договор

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи го одобри нуклеарниот договор меѓу земјата и шесте светски сили. Но, и предупреди дека Техеран треба да остане буден, бидејќи според него, на САД не може да им се верува. Во писмо до претседателот Хасан Рохани тој нагласува и дека САД и ЕУ треба јасно да го објават укинувањето на санкциите врз Иран и порачува дека договорот има неколку слаби точки.