Судири на безбедносните сили и талибанците во Авганистан

Авганистанските сили во Лашкар Гах

Тешките судири меѓу авганистанските сили и талибанците продолжуваат и натаму во јужниот град Лашкар Гах, откако вчера милитантната група ја презема контролата врз реон во околината. Авганистанските власти соопштија дека пратиле засилување во градот.

Некои од локалните жители поради судирите го напуштиле Лашкар Гах, кој е главен град на покраината Хелманд. Во покраината беа стационирани воените бази на американските и британските сили пред да го напуштат Авганистан при крајот од минатата година.