Јанева остана со половина тим

Петар Аневски, Претседател на Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители останува на својот став дека нема потреба од дополнување на тимот на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева со останатите седумнина неизбрани обвинители. Претседателот на Советот Петар Аневски изјави дека на денешната седница одлучиле да не го разгледуваат барањето на Јанева, затоа што не биле создадени нови околности за промена на нивната претходна одлука.

Аневски посочи дека Советот на јавни обвинители е независно тело и дека нема никаква теорија да постапуваат по препораки и барање на политички партии.

Тие одржаа редовна седница на која беа присутни и претставници на ОБСЕ и американската амбасада.