Кери на турнеја по Европа и Блискиот Исток

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери од денеска до 25 овој месец ќе престојува во Европа и на Блискиот Исток на разговори за израелско палестинските насилства и за сирискиот конфликт. Тој ќе има средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас, а исто така ќе разговара со шефовите на дипломатиите на Русија, Саудиска Арабија и Турција.