Москва демантира дека во Сирија биле убиени руски војници

Руското Министерство за одбрана демантира дека деновиве во Сирија биле убиени руски војници. Претходно беше објавено дека за време на борбите во таа земја загинале тројца руски војници. Во соопштението на руското министерство се наведува дека станува збор за информации кои се појавиле во странските медиуми. Рами Абдулрахман, шеф на Сириската опсерваторија за човекови права која го надгледува конфликтот за новинската агенција Ројтерс изјави дека неговите извори во Сирија го потврдиле убиството на руските војници. Тој додаде дека верува оти тие не биле дел од регуларната руска војска туку доброволци.