Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а повторно ќе се појават кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер, а во раните утрински часови се уште ќе има слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 15 степени.