Уапсени безбедносни лица во Азербејџан

Властите во Азербејџан уапсиле седум безбедносни лица кои се обвинети за злоупотреба на службена должност. Јавното обвинителство ја соопшти веста за апсењето на вработените во министерството за национална безбедност. Според соопштението, тие се сомничат за незаконско мешање во работата на деловни субјекти.

Во меѓувреме денеска Мадат Гулијев беше поставен на функцијата заменик министер за национална безбедност. Апсењата следат по отпуштањето на министерот за национална безбедност Елдар Махмудов пред три дена.