Србија нема да поставува ограда на границата

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека неговата земја нема да се оградува со ѕидови за заштита од приливот на мигранти. Според него, каква и да е ситуацијата тие ќе држат се под контрола. Тој порача и дека според последните податоци на територијата на Србија во моментот се наоѓаат 12.310 мигранти. Независно од големиот број илегални имигранти, кои преминуваат преку земјата, како што нагласи тој, српските власти ниту еднаш не употребиле сила против нив.