За една недела 35 илјади луѓе го напуштиле Алепо

Алепо

Обединетите Нации соопштија дека околу 35 илјади луѓе го напуштиле сирискиот град Алепо откако владините сили поддржани од руските воздушни напади ја започнаа офанзивата во минатата недела. Војската зазема неколку села во близина на Алепо од почетокот на офанзивата. Сириската организација за човекови права соопшти дека руските воздушни сили вчера извршиле нови напади во областа, при што загинале 45 лица, меѓу кои има бунтовници и цивили.