Бејли-Потребна е политичка волја за да се постигне договор

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли денеска на социјалната мрежа Твитер напиша дека е длабоко загрижен за неспособноста на партиските лидери во земјата да постигнат договор. Според него, договорите од Пржино се патоказ преку кој се обезбедува одговорност, се подобруваат условите за слободни и фер избори и со нив ќе се стави крај на политичката криза во Македонија.

Потребна е политичка волја за да се договорат останатите прашања од договорот, порачува Бејли кој од самиот почеток е вклучен во преговорите. Синоќешната средба на партиските лидери со еврокомесарот Јоханес Хан во резиденцијата на ЕУ во Пржино по неколкучасовните разговори заврши без договор.